дома Европа По 88 дeнa: Oд пoнeдeлник ce oтвopaaт мyзeитe вo Baтикaн

По 88 дeнa: Oд пoнeдeлник ce oтвopaaт мyзeитe вo Baтикaн

Ватиканските музеи, вклучувајќи ја и Систинската капела, повторно ќе бидат отворени од понеделник, 1-ви февруари, по затворањето кое траеше 88 дена, најдолго уште од Втората светска војна.

Светски познатите изложби ќе бидат отворени за јавноста од понеделник до сабота, но посетителите ќе мора однапред да резервираат карти. Посетите ќе бидат временски ограничени.

Мерките за затворање, кои италијанската влада ги воведе поради коронавирусот се искористени за извршување реновирања и одржување, вклучувајќи и внимателно чистење на фреските од 15 век во Систинската капела, која обично ја посетуваат околу милион луѓе годишно.

На посетителите од понеделник во работните денови ќе им биде достапен и Колосеумот, како и Форумот, пишува „АФП“.

Постот на Твитер може да го погледнете тука.