дома Свет По cekcyалниот ckaндал во СЗО, организацијата испраќа експерти во Конго за да...

По cekcyалниот ckaндал во СЗО, организацијата испраќа експерти во Конго за да cпречи cekcуална ekcплоатација

Светската здравствена организација вети дека ќе испрати експерти кои треба да спречат сексуална експлоатација на 10 локации, по големиот скандал во Конго, во кој персоналот на СЗО беше обвинет за сексуална злоупотреба на жени, изјавија денеска неименувани дипломати.

Околу 83 работници од Конго кои помогнаа за време на епидемијата на ебола, од кои една четвртина работеа за СЗО, беа вклучени во сексуална експлоатација и злоупотреба на жени помеѓу 2018 и 2020 година, објави независна комисија минатата недела.

Бројни западни донатори за хуманитарна помош побараа од СЗО да започне детална независна истрага за да види како е дозволено да се случи скандалот, изјавија неименувани дипломати за Ројтерс претходно оваа недела.