За да бидете како оние на кои им се восхитувате, мора да го почитувате правилото “40 проценти”.
Сите им се восхитуваме на тврдоглавите и морално упорни луѓе. Сакаме да бидеме како нив, да ги поднесеме сите потешкотии на ист начин и секогаш со кренати глави да продолжиме напред. Меѓутоа, тоа е само во теорија. Во пракса имате чувство дека никогаш нема да бидете толку cилни, зарем не?
За да бидете како тие луѓе, мора да постигнете многу повеќе и да се држите до таканареченото “40 проценти” правило.
– Што е правило “40 проценти”?
Кога велите дека сте направиле апсолутно се што е во ваша моќ во одредена ситуација, всушност сте направиле само 40 проценти. Ова е многу ефикасно и корисно правило по кое се водат многу успешни луѓе во надминување на тeшкитe периоди и кpизи во животот.
Многу е едноставно – кога умот ви вели дека сте направиле речиси се што возможно и невозможно, дека сте толку многу изморени и едноставно не сте во состојба да одите понатаму, имајте на ум дека сте направиле точно 40 проценти од тоа за што сте способни.
Ова правило е повеќекратно корисно и за секојдневниот живот. Сакате да станете морално силни и супер-издржливи? Само повторувајте го ова правило во себе, како мантра.
Кога ќе почувствувате дека ситуацијата не била никогаш пoлoшa, дека не е можно нешто да се зачува или промени, дека сте на работ на силата и на можностите – разбудете го “sвeрoт” во себе.
Кога ова правило ќе го повторите во себе, ќе се отворат нови струи. Ќе бидете изненадени од тоа што уште можете да направите.
Всушност најважно е да ги вклучите механизмите кои ќе ви помогнат да станете посилни и поиздржливи.
Ние навистина сме способни за многу повеќе од тоа што веруваме – “Направив се што можев. Но, тоа не ни половина од тоа што го можам. Тоа е само 40 проценти”.