Пратениците и министрите летово без одмор?: Демократскиот сојуз побара пратениците и министрите во текот на јули и август наместо на одмор да работат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратениците и министрите во текот на јули и август наместо на одмор да работат, се со цел овој период да се искористи за подготовка и носење на закони за непречена работа на компаниите, подготовки за враќање на учениците и студентите на училиштата и факултетите и спроведување на реформи неопходни за имплементација на стандардите на Европската унија, предлага Демократски сојуз.

Летниот период треба да се искористи и за изградба на заокружен и ефикасен систем за борба против тешките облици на криминал и високата корупција, борба против урбаната мафија и мафијата која и натаму остварува високи профити со продажба на канцерогени нафтени деривати, како и депонирање на опасен отпад. Мора да продолжат реформите во судскиот систем,како и донесување на посебна програма за департизација на службите за безбедност и администрацијата, велат од ДС.

Според владеачката партија, овој период да се искористи за подготовка на Платформа за на поефикасен начин да се справиме со пандемијата, да се спроведе имунизација на населението и реорганизира здравствениот систем во насока на негова подготвеност за дејствување во услови на кризна состојба.

ДС смета дека поради пандемијата многу реформи доцнат и дека само со дополнителни напори и работа може да опстоиме на патот кон ЕУ и да се создадат подобри услови за работа и подобар живот за сите граѓани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This