дома Балкан ПРАТЕНИЦИ ШМРКАЛЕ КОКАИН ПОЗАДИ СРПСКОТО СОБРАНИЕ

ПРАТЕНИЦИ ШМРКАЛЕ КОКАИН ПОЗАДИ СРПСКОТО СОБРАНИЕ

Осмочлена група на дилери е уапсена во Белград, поради сомнение дека шверцувале кокаин од Србија во Обединетит Арапски Емирати. Дрога препродавале и на српските политичари и тоа на задните врати на Народното собрание.

Како што потврдил извор од истрагата за српски „Курир“, постои сомневање дека бандата препродавала кокаин на улицата „Косовска“, токму позади улицата на Парламентот. Таму што се наоѓа и приватната фирма на Иван Радовиќ-Коки, водачот на групата, која служела како параван во организираниот криминал за трговија со кокаин.

– Во близината на станот често се забележани и познати личности, меѓу кои и старлети, но и фумкционери од неколку партии, поради што и постои сомневање дека овие простории се изнајмени со јасна цел – вели изворот.

Помеѓу уапсените „мулиња“ е и „клаберката“ Нина Прља, која во градските кругови е позната по дружбите со јавни и влијателни лица. Таа потенцирала дека е во добри односи со неколку политичари.

– Всушност, целата група познава многу функционери, a се претпоставува дека наскоро ќе се дознае кој моќник е најблизок со Прља – вели изворот.

Share Button

Pin It
(Прочитано 201 па