дома Политика ПРАТЕНИЧКАТА ГРУПА НА ВМРО-ДПМНЕ ДОБИВА НОВ КООРДИНАТОР: Никола Мицевски назначен за нов...

ПРАТЕНИЧКАТА ГРУПА НА ВМРО-ДПМНЕ ДОБИВА НОВ КООРДИНАТОР: Никола Мицевски назначен за нов координатор на пратеничката група

Пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Мицевски е назначен за нов координатор на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ во Собранието на Македонија, неофицијално дознаваме


Четириесет и тригодишниот штипјанец, кој има завршено Земјоделски факултет и е магистер по економски науки, е пратеник од 2014 година.

Мицевски доаѓа на местото на Драган Данев.

Данев на координаторското место мина осум месеци, а го наследи Влатко Ѓорчев, кој, пак, беше вршител на должноста по заминувањето на Илија Димовски.