дома Политика ПРАТЕНИЧКИТЕ НЕ САКАЛЕ ПАРФЕМИ, САКАЛЕ СОБА: Вo Собранието ќе се отвори женска...

ПРАТЕНИЧКИТЕ НЕ САКАЛЕ ПАРФЕМИ, САКАЛЕ СОБА: Вo Собранието ќе се отвори женска соба за дебата

Во Собранието на РМ ќе биде отворена женска соба по примерот на Шведскиот парламент. Претседателот на Собранието Талат Џафери на одбележувањето на 15 години од основањето на Клубот на пратеничките во Парламентот, рече дека ќе започне со реализација на проект за чување и промоција на придонесот на жените пратенички и носители на функции во Собранието и работните тела.

Генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова, која како поранешна пратеничка е една од основачките на Клубот, кажа дека уште многу треба да се работи на унапредување на правата на жените.

– Нам не ни требаат парфеми и подароци за 8 Mарт, туку придонес и поддршка, кажа Иванова.