дома Македонија Пратенички прашања во Собрание, ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува

Пратенички прашања во Собрание, ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржи нова седница на чиј дневен ред се пратенички прашања до Владата. Изминатите месеци, ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше на оваа седница, бидејќи, не учествуваа во работата на Законодавниот дом.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, утрово потврди дека тие ниту денеска нема да присуствуваат на седницата

Седницата за поставување пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот кога заседава Парламентот.