дома Свет ПРВА РЕАКЦИЈА НА АСАД: Нападот на Сирија го обедини сирискиот народ

ПРВА РЕАКЦИЈА НА АСАД: Нападот на Сирија го обедини сирискиот народ

Бомбардирањето на Сирија од страна на САД, Велика Британија и Франција уште повеќе го обедини сирискиот народ кога станува збор за борбата против тероризмот, изјави сирискиот Претседател Башар Ал Асад.

 Асад ова го изјави во телефонски разговор со претседателот на Иран Хасан Роханиј, наведува прес службата на сирискиот претседател.Тој нагласува дека оваа агресија нема да ја промени Сирија, туку ќе ја зајакне во напорите терористите да се елиминираат од секој дел на земјата.

Претседателот на Иран Хасан Рохани рекол дека Иран и понатаму останува со Сирија, изразувајќи уверување дека агресијата нема давја ослабе решеноста на сирискиот народ во борбата против тероризмот“.