дома Русија ПРВА СНИМКА ОД ПАДНАТИОТ АВИОН: Руските медиуми објавија снимки од остатоците на...

ПРВА СНИМКА ОД ПАДНАТИОТ АВИОН: Руските медиуми објавија снимки од остатоците на паднатиот авион во близина на Москва

Авион АН-148 на компанијата „Саратовск авијалиније“ се изгубил од радарот две минути по полетувањето од аеродромот и со истиот е загубен контакт

Кон местото на падот на авионот веднаш полетале два хеликоптери МИ-8 со спасувачи од аеродромот Чкаловски и Мјачково.

Во авионот имало 65 патиници и шест членови на екипжот.

Истражниот комитет на Русија соопшти дека ги разгледува сите можни верзии кои го објаснуваат падот на авионот АН-148. Главната управа за посебно важни случаи на Истражниот комитет ќе ја води истрагата.

Во соопштението на Министерството за вонредни ситуации се наведува дека во 14.45 во оперативно-дежурниот центар за управување со кризни ситуации пристигнала вест за исчезнувањето од радарот на воздухопловот во Московската област, во општинскиот округ Раменски, село Степановско. Оперативната група на противпожарниот и спасувачкиот гарнизон се упатила на местото на несреќата.

Се наведува дека остатоците од авионот се пронајдени во 15.40 по локално време.