дома Временска Прогноза ПРВИОТ СНЕГ ПРИСТИГНУВА ВО ВТОРНИК: Студен бран се симнува кон Македонија, можен...

ПРВИОТ СНЕГ ПРИСТИГНУВА ВО ВТОРНИК: Студен бран се симнува кон Македонија, можен снег на планините – предупредување за земјоделците!

Од (04.10.2016) поради продор на доста студен воздух од североисточна европа се очекува голем пад на температурите и северен ветер кој ќе предизвика на планинските места да падне првиот снег за оваа сезона.

Утринските температури во текот на следната недела се очекува да паднат под 0 степени. Многу пониски ќе бидат и максималните температури.

Информација до земјоделците:

Со оглед на тоа дека во текот на следната недела се очекува голема промена на времето (големо заладување и локални послаби врнежи од дожд) сево ова ќе овозможи за престанок на работата на земјоделските култури.

Исто така наутро температурите понекаде се очекува да се спуштат под 0 степени па затоа ве советуваме со време да ги заштитете вашите земјоделски култури од појава на мраз.