дома Временска Прогноза ПРВИОТ СНЕГ ПРИСТИНГА ВО МАКЕДОНИЈА: Битола прва го виде овогодинешниот снег!

ПРВИОТ СНЕГ ПРИСТИНГА ВО МАКЕДОНИЈА: Битола прва го виде овогодинешниот снег!

Падна првиот снег за оваа година во Битола. Најголема радост донесе кај најмалите.

Ова се први врнежи од снег за оваа година.

Врнежите од снег се очекува да придонесат и за почист воздух, моментално во нашиот град двете мерни станици покажуваат ниско количество на ПМ10 честичките, односно Битола 1 = 4,52, а Битола 2 во 20 часот измерила 25,27 ПМ 10 честички на метар кубен.

Времето утре во Македонија ќе биде облачно, студено и ветровито со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, особено во источните делови. Врнежи ќе има и во пониските делови од земјава, каде се очекува да се формира помала снежна покривка, која на планините ќе се зголеми.

Утринската температура ќе се движи од минус три до два, а дневната од минус два до три степени.

Во Скопје слично време, со утринска температура до минус еден и со дневна до еден степен.

Следува стабилно време со пораст на температурата. В среда и в четврток утрата ќе бидат многу студени со температура од минус 10 до минус четири степени.

 

ТВ Орбис