дома Свет Први закани за човештвото во 2021 година доаѓаат од вселената

Први закани за човештвото во 2021 година доаѓаат од вселената

Вистинско изненадување од вселената ќе не пречека во првите денови од јануари – четири астероиди, од кои едниот е исклучително голем, ќе се приближат до Земјата.

Денес на 2 јануари, астероидот 2019 YB4, со дијаметар од 15 метри, ќе прелета покрај Земјата на растојание од 6,4 милиони километри.

Утре на 3 јануари ќе ни се приближат вкупно три астероиди. Најпрвин два, именувани 2020 YA1 од димензии 15 метри и 2020 YP4, што има диензија 21 метар. Тие, од вселенски растојанија, скоро ќе ја „допрат“ Земјата, бидејќи ќе поминат на растојание од 1,5 и 2,1 милиони километри.

Но најголемата опасност и најголемиот астероид доаѓа на трети јануари. Потоа, астероидот 2003 AF23, чиј дијаметар е дури 220 метри, ќе прелета покрај Земјата на растојание од 6,9 милиони километри, објавува НАСА.