дома Актуелно ПРВИ СНИМКИ И ФОТОГРАФИИ: Проектилите на САД, Франција и Велика Британија паѓаат...

ПРВИ СНИМКИ И ФОТОГРАФИИ: Проектилите на САД, Франција и Велика Британија паѓаат во источниот дел на Дамаск – Сириското ПВО тврди дека повеќето се соборени

Жители на Дамаск објавија голем број на снимки и фотографии од бомбардирањето кое започна вечерва по наредба на претседателот на САД Доналд Трамп, поради сеуште непотврдени информации за наводен хемиски напад кој се случил во градот Дума

Цел на нападите на САД, Франција и Велика Британија е периферијата на Дамаск каде што е сместен истражувачки центар, за кој се смета дека наводно произведува хемиско вооружување. Жителите сведочат дека од тој дел на градот (источниот) се слушаат силни експлозии и се издига густ чад.