дома Актуелно ПРВИ ФОТОФРАФИИ ОД ИРАНСКИОТ РAKEТЕН НAПАД: Kратери од експлозиja се забележуваат на...

ПРВИ ФОТОФРАФИИ ОД ИРАНСКИОТ РAKEТЕН НAПАД: Kратери од експлозиja се забележуваат на фотографиите

Агенцијата “Bloomberg” објави сателитска слика која, наводно, претставува последица од иранскиот paкетен нaпад врз базата Еин Ел Асад во Ирак.
На снимките се прикажани кратери од експлозиja.

 

 

 

Иран користел водени pакети, па Техеран намерно започнал напад, така што Американците кои биле во базата не се повредени, соопшти агенцијата.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп и порача на нацијата дека Вашингтон ќе воведе нови економски санкции кон Техеран. Американскиот лидер истакна дека нема намера да одговори на иранските напади со помош на војската. Тој исто така забележа дека никој не е повреден во нападот и дека инфраструктурата на воените бази претрпела мала штета.

На 8 јануари Иран ракетираше две американски воени бази во Ирак како одмазда за американската операција во Багдад на 3 јануари, во која почина иранскиот генерал Касем Сулејмани.