дома Локално ПРВОТО РОДЕНО ВО СКОПЈЕ МАШКО: Тодоров и Трајановски го посетија првороденото бебе...

ПРВОТО РОДЕНО ВО СКОПЈЕ МАШКО: Тодоров и Трајановски го посетија првороденото бебе во Новата година

Градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски и министерот за здравство Никола Тодоров во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир го посетија првото родено бебе во Новата година во Скопје.

Станува збор за машко бебе, родено рано утринава во 04:15 часот. Бебето е тешко 3 килограми и 400 грама и долго 53 сантиметри. Тоа е првородено дете на мајката Нуредини Рамадан Хикмет.

Министерот Тодоров му посака на бебето  и на негово семејство многу здравје , среќа и успех во животот. Тодоров им се заблагодари и на сите здравствени работници за нивата посветеност и пожртвуваност во текот на новогодишната ноќ , кога сите славата и се своите семејства здравствените работници беа на својата работна задача.

Градоначалникот Трајановски на мајката и семејството им честита за првото дете, посекувајќи му здравје и среќа. Тој на семејството им ја честита Новата година и им подари штедна книшка со 20.000 денари и други пригодни подароци.

Градоначалникот на Скопје  ја искористи приликата да им ја честита Новата 2017 година на своите сограѓани и да им посака добро здравје, среќа, љубов и успех.