дома Балкан ПРВО пренесување на вирусот помеѓу децата во училиштата и градинките: Д-р Кон...

ПРВО пренесување на вирусот помеѓу децата во училиштата и градинките: Д-р Кон со загрижувачки вести

Во Србија дојде до прво пренесување на вирусот помеѓу децата во едно основно училиште во Нов Белград, соопшти утрово епидемиологот Предраг Кон.
Тој нагласува дека едно дете имало температура 37,6 и дека му било потврдено дека е позитивно на корона вирусот

“Нешто повеќе од 5 дена по констатирањето веќе имавме потврда и за друго дете, кое немало некој близок контакт со заболеното, но во дворот на училиштето не носеле маски, а биле во близина ”, изјави Кон за Пинк.тв.

Што се однесува до градинките, Кон вели дека во 5 градинки било потврдени 6нпозитивни случаи кај деца и дека се заразени четири деца и две воспитувачки.