дома Македонија ПРВПАТ ВО МАКЕДОНИЈА: Судија поднесе кривична пријава против судија!

ПРВПАТ ВО МАКЕДОНИЈА: Судија поднесе кривична пријава против судија!

Судијата Иван Џолев од Кривичниот суд во Скопје поднесе кривична пријава против свој колега за кривично дело поврзано со влијание врз судија за да преземе одделни незаконски дејства.

Во писмената изјава за медиумите Џолев вели дека поради сензитивноста на ситуацијава не го открива идентитетот на судијата.

„Денес настапувам како граѓанин, индивидуа, како судија на Кривичниот суд, кој се залага за владеење на правото и правната држава, а во смисла на чл.103 од судскиот деловник. Верувам дека Јавното обвинителство сериозно ќе ја разгледа кривичната пријава и во најбрз можен рок ќе преземе процесни дејства во врска со пријавата. Верувам и во судството и во Кривичниот суд, во моите колеги и верувам дека овој исклучок само ќе потврди дека судиите во овој суд судат согласно со законите и се залагаат за владеење на правото“, вели во изјавата Џолев.