дома Европа Прв го победи kopoнавируcoт во Британија: Колегите го најдоа неговото безживотно тело,...

Прв го победи kopoнавируcoт во Британија: Колегите го најдоа неговото безживотно тело, еве што покажа обдукциjaта

Првиот Британец заразен со коронавирус почина една година откако закрепна, а неговото тело го нашле колегите во кампусот во Велс.

Конор Елис Рид, 26-годишен студент по кинески јазик, се смета за првиот Британец кој се зарази со коронавирус во ноември 2019 година додека живеел и работел како учител во училиште во кинескиот град Вухан, пишуваат британските медиуми.

Иако закрепнал од ковид-19 во ноември 2020 година, пријателите го пронашле неговото безживотно тело во соба во универзитетскиот кампус Бангор во Велс.

Обдукцијата покажала дека причината на смртта бил респираторен застој заради бронхопневмонија настаната како последица на употреба на токсични дроги.

Додека бил заразен во Вухан, епицентарот на коронавирусот, Рид водел дневник каде ги споделил своите искуства од речиси едномесечната борба со вирусот.

Тој напишал дека состојбата првите десет дена била многу тешка, и дека се додатно се влошило на дванаесетиот ден.

-Мислев дека пројде оној проблематичен период, но само што започна ноќната мора. Отежнато дишев, постојано морав да одам во тоалет. Се потев и се тресев. Не можев да вдишам, се гушев. Кога дишам звчуам како некој да гужва хартиена ќеса. Мислев дека е толку, дека нема враќање, напишал Рид.

Набргу после 24-тиот ден, болеста попушти па Рид се вратил на работа.

Тој потоа отпатувал во Австралија да ја посети фамилијата, а потоа се вратил во Велс да продолжи со студиите за кинески јазик и лингвистика.