Аплауз треба ли? Сите гревови на Филипче и Караџовски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Користење на највисоките стандарди во заштитата на здравјето е едно од фундаменталните права на секое човечко суштество. Со тоа општеството ги афирмира достоинството и вредноста, еднаквите права, но и обврските на секој граѓанин што самиот ги споделува во одговорноста за своето здравје.

Македонското здравство, како и севкупното Mакедонско општество, ја живее денес драмата на транзицијата на две концепции и организациона поставеност на овој базичен систем за нашето општество. Станува збор за здравјето и здравствената заштита, во едниот случај, базирани на т.н. општествена грижа и сопственост, во другиот случај, базирани на индивидуалната (приватната) грижа и сопственост.

Прво концептот е добар и е изграден со добри основи да се подобри односно да се подобрува врз база на капацитетите и ресурсите со кои располага. Но, примената во услови на пандемијата од Коронавирусот која веќе една година татне во светот и во Македонија на површина ги извади некои од основните недостатоци како систем.

Триото „јавачите на апокалипсата“ спремно за сите видови пресови и сликања во услови на пандемија

Кога ќе го прочитате Законот за здравствена заштита, се добива слика на добар концепт на распоред на примарна секундарна и терцијална здравствена заштита. Да се разбереме, не зборуваме за паушални зборови на памет кажани за „сакаме да биде“ туку реални основи обликувани и применети со над 50 години традиција и квалитет на подобрување и соочување со здравствени во организиран мирновременски концепт на граѓанска здравствена заштита без разлика на општествениот и политичкиот амбиент во кој е градена.

Да, збориме за систем кој од кога е креиран, се соочил со сериозни болести од минатиот век, и градел превентивна основа за сузбивање на појавата на болести согласно упатствата на Светската Здравствена Организација, националното искуство и историјат на болести ендемски поврзани со територијата од кога се запишани сведоштвата во Македонија,  па се до денес. Од црна чума, Маларија, Далак  – антракс, Бруцелоза, Туберкулоза, инфлуенца, Свински грип, Птичји грип, па до Вариола и Беснило. Значи не збориме за туку што формиран систем, туку за добар искусен традиционален систем, со воспоставени едукативни форми на трансфер на знаење и искуство во превентивната и куративна форма на здравствена заштита.

Основите се ок, но само напишани на хартија, но во праксата се случува обратното

И покрај тоа што во Македонија е изготвена севкупна 10 – годишна Стратегијата за здравствена заштита изгтвена од МАНУ од 2010 година каде детално се опишани слабостите и начините за нивно надминување, во Македонија постојано се случува да се занемарат претходно поставените правци и можности за развој и надминување на проблемите. Генерално некој ќе помисли дека се работи за нијанси. Некој со свои стилови на раководење, менување на менталитетот на приоритети и клучни занемарување на клучни задачи. Сепак одговорот и заклучокот е не.

Во суштина единствениот проблем е мешањето на политиката во струката, односно елементите на пропагандата (нереално величење на способностите и условите наспроти реалноста) и политичките интереси, кои кога ќе се испреплетат со индивидуалните интереси и цели на клучните чинители и одлучувачи (Decision makers) поттикнати од политички набилданата агенда и тенденција за себепромоција и еготрип, настанува таков хаос и деструкција на реакцијата мислиш се работи за тазе формиран систем за здравство кој е на стаклени нозе.

Некој ќе ме обвини за суровост, но кога ќе се симнете на земја и реално ќе ги согледате проблемите со епидемијата на корона-вирусот во Македонија, поедноставете ги појавите и ефективноста на мерките кои се предложени од самите нив и одобрени од самите нив, нема кој друг да ја посочите одговорноста освен кај лицата со недостиг на општествено „сетило за осет“, сенс на одговорност и што би рекол народот образ.

Системот не ја утна. Утна Филипче и „компанија“

Во стилот на неговите прес конференции од јануари и февруари 2020 година (периодот кога немаше пандемија во Македонија) „Во недостиг на релевантни податоци и статистики, прво ќе упатам апел и ќе ве замолам соодветно да се информирате, едуцирате затоа што вака ќе креирате паника“ – што би рекол Филипче.

Од денешен ден гледано, системот просто кажано беше злоупотребен во фаза на предизборие и да се искористи моментот на моќ и себе-промоција околу поимот дека „Филипче е факторот“ кој е најинформиран и најдобро знае за пандемијата. Искрено читајќи ги мислењата на сите светски доктори и умови околу препораките и паниката која се прошири, споредено со нашите кои веќе алармираа, Филипче буквално како да е под наркоза. „Се е под контрола“ „ние веќе спроведуваме мерки“ (кои никаде не се соопштени ниту јавноста не беше запознаена со нив), „ширите паника“, „не сте квалификувани да оценувате“ и слични изјави, се само карактеристични за човек кој сака да сокрие нешто што јавноста не треба да го знае и се крие зад професионалните квалификации, не обрнувајќи внимание воопшто за потребите на јавноста да добие гаранции и валидна информација за тоа што над 70 години е плаќано и вложувано, и граѓаните сакаат да знаат дали одговорот на тој функционер кој граѓаните го плаќаат че одговори целосно и навремено за да ги заштити од неговиот ресор кој му е доверен.

Така останаа бројни круцијални прашања кои останаа неодговорени уште во првите денови од пандемија:

Дали Филипче е „информиран“ колку камери имаше на граничните премини и дали ракувачите користеа заштитни средства согласно препораките на СЗО?

Реалноста: Од 3 гранични премини на северна граница само на еден имаше термална камера.

Дали Филипче и понатаму стои на своето мислење дека една толку обвинувана литија во Струга е виновно само едно лице (тогашниот министер за внатрешни работи). Познат директниот напад врз тогашниот технички министер за внатрешни работи како виновен што не ги спречил собирањата за црковната литија (верски настан) во Струга.

Реалноста: Двојниот аршин на министерот за здравство се гледаше во неговото „слепило“ за истите собирања во местата населени претежно со албанско малцинство.

Дали Филипче ја свати сериозно препораката (спротивно на препораките на СЗО во тој момент) е дека треба да се носи заштитна маска само од лица кои имаат симптоми и во затворени простории?

Реалноста: Ниту заштитна маска заштити некого и мерките не помогнаа да се смири состојбата уште во првите случаи на КОВИД-19во Македонија…

Дали министерот Филипче објасни на јавноста дека во Македонија немаше ниту еден, напоменувам ниту еден ХАЗМАТ комплет за целосна заштита на медицински персонал.

Реалноста: Наместо министерот да се грижи за здравствениот персонал и да обезбеди истото, тој свесно ги фрлаше во огин медицинските лица без притоа да превземе грам одговорност за состојбата. Првите ХАЗАТ одела во Македонија беа импровизирани со селотејп и одела кои самите лица ги изработуваа да се самозаштитат, се дур не дојдоа првите донации од Унгарија и Кина.

Следеше кризата со региони како Дебар и Куманово (жариште од повратници гастарбајтери, кои кога се враќаа го носеа „немилиот ни гостин“) каде и покрај тоа што го знаеа овој факт и беа запознаени со овој проблем. 

Како ли само успеа да се зарази од мерките кои самиот тој ги спроведуваше на цела држава, допрвин ќе се дознае – Слика Д-р Караџовски во реакција до новинар како смее да поставува незгодни прашања

Кога во јавноста секој ден и понатаму се споменуваа бројки на починати и кога бројката стана  преголема за занемарување подоцна во секој прес, а секако и изборите се одржаа, Филипче на јавноста и го претстави тимот зад одлуките односно Комисијата за заразни болести при министерството предводена од Д-р. Караџовски  и ред други еминентни имиња по избор на министерот. Преведено во реалноста е „За мерките и препораките кои се усвојуваат во Владата“ е друг одговорен – иако самиот тој ги предлага и донесува како член на Владата).

Така на пример затворањето и карантинските мерки воочи најголемиот христијански празник Велигден беше идеја која наводно го сопрела првиот бран, но ги отвори портите на вториот пеколен бран кој и однесе најголем број на животи, пред се поради селективноста во примената на мерките,  наспроти примери како Јапонија каде строгите мерки од првиот бран беа изоставени на сметка на институционална изолација и згрижување и строго следење на случаите на заразени нови случаи.

Пост карантински однесувања со пандемија:

Дали знае Филипче дека маската не штити од Коронавирусот (конечно да се согласи со препораките на СЗО)?

Дали знае Филипче колку луѓе се казнети поради мерка носење маска секаде во јавно место која тој на предложил?

Дали Филипче бил присутен на забава во Аватар во Струмица летоска?

Требаше ли Власта да има двојни стандарди при примената на мерките за заштита од Ковид-19 или сето тоа помина како „завеале снегови и  покриле трагови“.На крајот на краиштата калта,а не снегот каде зацопа Филипче е премногу длабок, го одведе во област каде себепромоцијата и егото треба да се минорна одлика на еден министер.

НАТО министер за здравство кој научил збор „њет“

Наградите се отпорни на корона? А на срамот?
За што ли доби Д-р Караџовски 13 ноемвриска награда?

Она што ја покажа на виделина (не)способноста на Министерството и во целост на Владата во справувањето со коронавирусот. Иако деновиве исплива на површина еклатантен доказ за неспособност околу не можноста за примањето на вакцините како донација од Србија, испливаа сите овие горенаведени утки на Министерот на виделина, сепак многу порано требаше да биде вклучен алармот дека или „Менаџментот е крш“ или „Менаџерите не ги бива“.

Ако денес СЗО „се тепа“ со компаниите за вакцина повеќе, дали некој го спречуваше министерот, министерството, владата, да добие можност и „по други канали“ Македонија да добие вакцина?

Бламот е голем и не се работи дека во Македонија нема Стратегија и систем на здравствена заштита. Поголем е срамот дека со системот раководат луѓе кои своите неуспеси и неспособности ги кријат како „игла со капаче“. Уште во август 2020та Филипче имал шанса да ја обезбеди Македонија со вакцини во доволни количини до степен сите неродени бебиња до крајот на годината бидат имунизирани, а не само возрасно население.

Тој таа флека во профилактичната улога на системот за здравствена заштита на Македонија ја довел до ниво кога уште во време на Балканските војни во Македонија се појавила и владеела колера.  Тој или некој во Министерството за здравство ќе мора да објасни и да одговара зошто во Македонија нема вакцини Спутник V или Синовак кои одненадеж сега станаа повеќе од пожелни. Значи не збориме за вакцини кои биле тешко достапни, туку за одбиена понуда од земјата каде тие се произведуваат. Во услови на пандемија која е непозната до сега во човештвто, нашето Министерство платено од наши пари си дозволува да испушти (намерно или ненамерно) можност да има 1000 или којзнае уште колку, па макар и 1 човек, помалку починати како последица од коронавирусот е рамно на мизерија на моралот и етиката кои се демонстрираат на најбезобразен начин. Одговорност за овој страотен пропуст ниту на повидок, исто како и срамот од своите дејствија, кој очигледно не постои.

Крешендотo на Заев или израз на немоќ или оправдување

За трагедијата да е уште поголема, подоцнежните изјави не само обид на спас на Филипче, туку и несреќната изјава на премиерот Зоран Заев упатува на тоа дека вакцините најверојатно се одбиени само затоа што Претседателот на владата смета дека се вакцини со „западна (???) додадена вредност“:

Темата за вакцините го окупира целиот свет не само нас. Дефинитивно имаме непријатно чувство заради тоа што целиот Западен Балкан заостанува, освен Србија којашто нема аспирации за НАТО и нормално повеќе е отворена кон источниот свет Кина и Русија и прави договори со нив. Ние сме нова членка на НАТО, генерално се држиме кон западниот свет и вакцините потврдени од тамошните здравствени институции“, оцени премиерот Заев додавајќи дека централата на „Фајзер“ за Југоисточна Европа е во Белград и затоа српските граѓани добија одредена количина вакцини од оваа компанија.

Дека се работи за политичко мешање во здравствениот систем покажува самата лага кажана од првиот човек на Владата, бидејќи заборави да каже дека цел Балкан започна со вакцинација на претходно договорени количини, на успешни држави, на Влади кои мислат час поскоро да ги заштитат своите даночни обврзници и граѓани, на Министерства кои сакаат да ги заштитат своите граѓани кои си плаќаат редовна здравствена заштита.

Ние како држава, за разлика од дури и Балканот кој потврдено не заостанува, се грижиме повеќе да дадеме изјава дека „сме биле спремни и дека нивните премиери (а.к.а Брнабиќ изјава за помагање на соседите) лажат“ кога велат дека Македонија не е спремна и подготвена да изврши имунизација.

А официјален демант нема, туку само замајување на народот.

Ова зборува за реалниот проблем кога пропагандата на Филипче и „компанија“ ќе затаи и останува соголена и немоќна пред фактите – чисто за инфо ВЧЕРА  дури, повторувам ВЧЕРА  дури е донесен Планот за имунизација на население. А денес е шести месец откога на Министерството за здравство му било понудено да набави вакцина од Русија која била ИГНОРИРАНА. Денес е трети месец откога Фајзер понудил преговори и министерот кажа дека „имале преговори“ за набавка на вакцина.

И да е од Вилипче, премногу е… Не аплауз, туку времето е стасано оставки да летаат!

Питер Симеонов

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This