(Видео) Прв директен напад на САД врз Сирија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од американските разурнувачи во источниотМедитеран испалени се 50-60 ракети „томахавк“ на позициите на сириската војска, објави Си Ен Ен.

Операцијата ја нареди претседателот Доналд Трамп како одговор за нападот на силите на Башар ал Асад во Идлиб.

Во витален интерес за САД е да се запре ширењето на смртоносното хемиско оружје, порача Трамп.

Ракетниот напад што го изведоа САД е „единствениот“ и се очекува така и да остане, изјави неименуван американски функционер за Ројтерс,  иако САД повикаа на поддршка од светот.

Сириската опсерваторија за човекови права од Лондон објави дека загинале 4 војници.

Кремљ оцени дека американските напади нанеле огромна штета на руско- американските односи.

Американскиот напад врз позиции на сириската војска е резултат на напоадот во Идлиб, каде има сомение дека е користено хемиско оружје.

Наредбата Трамп ја издаде од Флорида, каде со него во тоа време виле и државниот секретар Рекс Тилерсон, и неговиот советник за безбедност Х.Р. Макмастер.

Како што пренесува Си Ен Ен, Трамп во текот на нападот бил на вечера со кинескиот претседател Си Џинпинг, додека секретарот за одбрана Џејмс Матиста го информирал за текот на операцијата во СИрија.

Во обраќањето пред новинарите Трамп рече дека наредил ракетни напади на сириската воздухопловна база бидејќи тоа е од „витален интерес за националната безбедност  на САД“ и ги повика сите цивилизирани нации да се придружат на САД во обидите да се стави крај на колежот во Сирија и да се стави точка на тероризмот од секој вид.

-Вечерва го наредив овој воен напад на позиции во Сирија од кои е извршен нападот со хемиско оружје. Нема спор околу тоа дали Сирија користела забрането оружје и ги прекршила обврските кои ги има според Конвенцијата за хемиско вооружување и ги игнорираше апелите на Советот за безбедност на ОН. Годините на обиди да се промени Асад поминаа, и тоа многу драматично, изјави Трамп.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This