дома Спорт ПРВ НАТПРЕВАР ЗА РАКОМЕТАРИТЕ НА ВАРДАР ГОДИНАВА: Вардар денеска продолжува со настапите...

ПРВ НАТПРЕВАР ЗА РАКОМЕТАРИТЕ НА ВАРДАР ГОДИНАВА: Вардар денеска продолжува со настапите во СЕХА лигата

Македонскиот ракометен шампион Вардар денеска во рамките на 14 коло од СЕХА лигата, во Нови Сад ќе го одигра првиот дуел во 2019-та година. Овој меч е своевидно загревање пред претстојните важни мечеви во Лигата на шампионите против Рајн Некар и Веспрем.

Вардар попладнево на теренот ќе излезе без неколку ракометари. Игор Карачиќ доби пауза поради настапот на Мундијалот, додека поради повреда Борозан, Мораеш, Гедбан и Горбок најверојатно нема да настапат.

Вардар по 13 одиграни дуели го зазема второто место на табелата во регионалната лига со 11 победи и 2 порази, додека Војводина е на шестата позиција со 5 победи, 7 порази и едно реми.

Натпреварот во Нови Сад почнува од 17:15 часот.