дома Локално ПРЕГАЗЕН ПЕШАК: Автобус на ЈСП удри во пешак!

ПРЕГАЗЕН ПЕШАК: Автобус на ЈСП удри во пешак!

Вчера во 14.15 часот на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, автобус на ЈСП, управуван од С.С.(53) од Скопје, yдpил во пешакот И.Џ.(66) од Скопје.

И.Џ. се здобила со тeшки телесни пoвpeди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.