дома Македонија ПРЕДВРЕМЕНИ НЕМА ДА ИМА: Избори пред октомври 2020 нема шанси да се...

ПРЕДВРЕМЕНИ НЕМА ДА ИМА: Избори пред октомври 2020 нема шанси да се pacпишат

Пpeдвремени парламентарни избори како што бара опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема да има, кажа денеска премиерот Зоран Заев, пренесува СДК.МК

Одговарајќи на новинарско прашање како ќе одговори на барањето на опозицијата за предвремени избор, тој рече дека сега е време за економски резултати, а доколку се оди на брзи, предвремени избори тие нема да бидат возможни.

„Останувам на ставот дека треба да одиме на редовни избори. Брзи предвремени избори видовме до каде ја донесоа државата заради политички консултации. Ако требаше да се оди на предвремени парламентарни избори, ќе ги распишевме заедно со претседателски избори. Редовни избори треба да има во декември 2020, јас немам пpoоблем да бидат зakажани во октомври догодина“, рече Заев.

На денешната прес-конференција во Владата, Заев ги повика на лидерска средба Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети од ДУИ и Зијадин Села од Алијанса на Албанците, што би се одржала во петок во Клубот на пратениците.

Тој рече дека на оваа лидерска средба сака да се разговара за спроведување на пописот, носење нов Изборен законик и носење на Законот за Јавно обвинителство со кој ќе се регулира и СЈО.

СДК.МК