дома Политика Предизборна кампања на СДСМ: Нови 1400 огласи за вработување во администрацијата

Предизборна кампања на СДСМ: Нови 1400 огласи за вработување во администрацијата

Во утринската програма на Алфа ТВ гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска која посочи дека бројката од 1.200 огласи е од пред неколку дена, сега веќе се и многу повеќе. Исто така има и вработувања кои што не може да се видат бидејќи на многу перфиден начин структурата на Социјалдемократскиот сојуз се обидува да ги објави односно не ги објавува. Се заобиколуваат институциите како Агенција за администрација, не ги објавуваат во некои весници кои што нели граѓаните имаат обичај да ги читаат. Се објавува на некој интернет портал на кој што не може да се забележи. Што значи дека бројката може веќе е 1.400 огласи за нови вработувања.

Има многу договорци иако додека Социјалдемократскиот сојуз беше во опозиција велеше ќе ги ykине, односно ќе го намали бројот на договорци за вработување. Односно договорот како средство за како опција да се вработат во рамки на државната и јавната администрација. Но сме сведоци дека секојдневно се вработуваат многу луѓе само со договор. Така да ние немаме опција како да ги преброиме договорците бидејќи тие никаде не се објавуваат, истакна Стаменковска.

Стаменковска додаде дека ако дека од 20-ти октомври па навака има 1.200 вработувања, а збориме со огласи со трајно вработување, а ова со договорци може да биде бројката околу 4.000 лица.