Предлагаме Македонска декларација контра бугapcката, но 3aeв не oдбивa и не сака да се изгласа во Собрание

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Христијан Мицкоски предложил да се изгласа контра-декларација во Македонскиот парламент, како пандан на Бугарската декларација но од другата страна нема партнер, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Јас првиот пат на лидерска средба кога го предложив ова, ме правеа будала. Не сум разбирал јас дипломатија, дека декларацијата во Бугарија била за потребите на локалните избори таму. На втората лидерска ми велеа дека немало потреба, договорено е во наша корист. На тет-а-тет средбата со Заев сега пред три месеци исто му предложив да донесеме контра-декларација, рече дека немало потреба било ОК“, рече Христијан Мицкоски на уредничкиот брифинг.

Мицкоски објасни и дека освен на улица, ќе делуваат и институционално и ќе ги блокираат обидите на власта ова да го „протнат“ по секоја цена.

„Ние можеме и сега да поднесеме контра-декларација во Собранието како ВМРО-ДПМНЕ, но нема да се изгласа, ќе биде одбиена и ќе им дадеме уште еден аргумент на Бугарите да речат ‘еве овие не можат да се договорат’ и да не притиснат уште толку. Од теснопартиски интереси, нас ни одговара таа приказна, но од државотворен аспект дополнително ќе ја заглавиме државата“ – заклучува Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This