дома Македонија Предлогот на Франција може да не чини скапо: Можеме да се вртиме...

Предлогот на Франција може да не чини скапо: Можеме да се вртиме во круг и постојано да се навраќаме на реформите што само формално сме ги затвориле

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, смета дека со нон-пејперот на Франција, патот до членство во Европската унија станува уште подолг. Според него, со нон-пејперот се покажува дека премиерот во заминување Зоран Заев ја извpтувал вистината за тоа до каде се домашните реформи.

Очигледно е дека нашите партнери од Европската Унија констатирале дека постојат двојни стандарди во сите овие земји-аспиранти кои сакаат да станат членки на Европската Унија, па велат – доколку отворите една група на поглавја, еве јас така би ги групирал, вие кога ќе ги зaтвоpите ќе треба да генерирате и понатаму вредности за тоа што сте ги зaтвориле. Доколку тие видат дека само формално ги зaтворате, а всушност не се придржувате на тоа што е договорено постои можност повторно да се навратите на таа група поглавја и тоа може да прерасне во една приказна којашто ќе нема крај…, рече Мицкоски.