дома Балкан ПРЕДНОВОГОДИШНИ ЧЕСТИТКИ ОД ИСИС: Терористичката организација испрати новогодишни закани на албански јазик,...

ПРЕДНОВОГОДИШНИ ЧЕСТИТКИ ОД ИСИС: Терористичката организација испрати новогодишни закани на албански јазик, Качаник центар на тероризмот!

Терористичката организација ИСИС ги повика своите следбеници меѓу Албанците во текот на претстојните новогодишни празници да изведат напади

„Имаш доволно време да обезбедиш возило и да ги прегазиш во нивните гужви, или да купиш нож и да ги погодиш, или да ја наполниш пушката со муниција“, ова е пораката на ИСИС која е испратена на албански јазик по пат на свои канали за комуникација.

„Иако твојата душа не може да ги прифати, влетај во нивната гужва и викни – ‘Алах е најголем’“, стои на крајот на пораката на терористичката организација.

Покрај останатото, во заканувачката порака, ИСИС проценува дека 2018.година ќе биде крвава. Иако таканаречената ИСИС трпи последователни порази во Ирак и Сирија. Последната закана доаѓа по повикот на ИСИС упатен кон т.н. „осамени волци“, да ги ангажираат мигрантите и да го нападат Ватикан и Колосеумот за Божиќ.

Центар за извоз на радикални исламистички терористи на Балканот е косовски Качаник, од каде годишно заминуваат голем број на терористи на боиштата во Ирак и Сирија, а постојат и податоци дека борците кои бегаат од боиштата маскирани како мигранти својот пат го завршуваат во камповите околу Качаник. Од ова место беше и терористичкат група од кумановско Диво Насеље, кои подоцна под покровителство на градоначалникот на општината беа погребани со највисоки државни почести.

На гости кај градоначалникот на Качаник минатиот викенд престојуваше пратеникот и потпретседател на СДС Мухамед Зекири заедно со уште неколкумина оперативци на УБК, АР и МВР.