дома Македонија ПРЕДРЕФЕРЕНДУМСКА ГОЗБА: Шекеринска набавува тони месо и сокови со парите на граѓаните

ПРЕДРЕФЕРЕНДУМСКА ГОЗБА: Шекеринска набавува тони месо и сокови со парите на граѓаните

Имено на интернет страницата на Електронскиот систем за јавни набавки, може да се забележи јавна набавка во вредност од 566.949 денари, односно во вредност од 9 илјади евра.

Да потсетиме дека исто така на станицата на Електронскиот систем за јавни набавки граѓаните можеа да видат две јавни набавки за министерството за одбрана, едната во вредност од 26,5 милиони денари и уште една во вредност од 4,2 милиони денари за набавка на свежо месо за потребите на министерството. Односно Радмила Шеќеринска за својот личен хедонизам ќе потроши неверојатни половина милион евра.

 

Ова не е изолиран случај на изблик на хедонизам, а Шекеринска е добро позната во јавноста по скандалите со набавките на бадеми, ф’стаци, морски плодови и други апетисани во вредност од десетици илјадници евра. Додека армијата носи стари униформи и искинати чизми, високи претставници на министерството за одбрана шетаат по ручеци со армиски хеликоптери, вожња која ја чини државата илјадници евра во еден правец.