дома Актуелно ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ЗА ДЕНОТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ: Од амбасдата на САД...

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ЗА ДЕНОТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ: Од амбасдата на САД очекуваат безбедносен ризик на денот на референдумот!

Денеска американската амбасада во Скопје на својата официјална страна испрати предупредување до своите државјани во кое се вели дека на 27 септември во 19:00 часот да не се движат пред Собранието на Република Македонија, додека на 30-ти септември ги предупредуваат своите граѓаните во 19:00 часот да не се движат ниту пред Собранието ниту на плоштадот во Скопје.

-Различни групи имаат намера да демонстрираат против претстојниот национален референдум за Преспанскиот договор за името меѓу Македонија и Грција, кој ќе се одржи в недела, на 30 септември. Спонтани, ненајавени демонстрации може да се случат и во Скопје и во други делови на земјата во текот на овој период. Персоналот на американската влада совтува да избегнува секакви области каде што може да се појават демонстрации, се вели во соопштението на амбасадата на САД.

Избегнете ја областа каде што се случуваат протестите.

Следете ги локалните медиуми за нови информации.

Избегнувајте собиранки.

Избегнувајте демонстрации.

Бидете нечујни,

Изветувајте ги вашите пријателите и семејството за вашата безбедност.

Бидете свесни за вашата околина.

Прегледајте ги личните безбедносни планови.