дома Временска Прогноза ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД СИЛНО НЕВРЕМЕ: Европскиот систем за предвидување на бури, издаде предупредување...

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД СИЛНО НЕВРЕМЕ: Европскиот систем за предвидување на бури, издаде предупредување од прво ниво!

Според ESTOFEX за ден 20 Јули 2017 год. за јужен Балкан е издадено Ниво-1 на опасност со можност за појава на олујни облаци со град и интензивни врнежи.


Предупредување од прво ниво издаде денес ESTOFEX (Европски експеримент за предвидување на бури) за југозападен Балкан за 20 јули, во кое предупредување се предвидува опасност од силни врнежи од дожд и град.

Според ESTOFEX, студена воздушна маса која се спушта од север се наоѓа над југозападен Балкан. Во исто време, во пониските региони, студен воздушен фронт се движи од исток за кој се вели дека ќе биде стационарен.