дома Здравје ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Хемикалии кои ги внесувате секојдневно, а предизвикуваат рак!

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Хемикалии кои ги внесувате секојдневно, а предизвикуваат рак!

Експертите ги тестирале намирниците кои луѓето најчесто ги конзумираат и откриле хемикалија која е заслужна за формирање на тумор

Имено, експертите ја откриле хемикалијата по име акриламид која може да се пронајде во кафе, чипс, помфрит, крекери, па дури и во некои храни за бебиња. Оваа опасна супстанца настанува за време на загревањето или пржењето на претходно споменатите намирници.

Дури и Управата за европска безбедност на храна (ЕФСА) потврдила колку е опасна оваа хемикалија и веќе започнала да предлага нови закони кои подоцна ќе бидат надгледувани. Во Велика Британија произведувачите на храна се под голем притисок и веќе работат на тоа да го променат начинот на преработка на храна за да ја намалат количината на акриламид.

Зошто ова соединение е толку опасно?

„Кога се консумира, акриламидот се абсорбира во гастроинтестиналниот тракт и потоа се пренесува до секој витален орган кој потоа го метаболизира. Резултатот на овој процес се нарекува глицијамид и тој предизвикува генетски мутации и тумори кои се забележани кај лабараториските животни“, објаснува др.Дајен Бедфорд, раководител на Научниот комитет на ЕФСА одговорна за истражувачката студија за акриламид.