дома Временска Прогноза Пред да тргнете на пат информирајте се

Пред да тргнете на пат информирајте се

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои по наместа влажни коловози.
Во клисурите и засеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
На 27.11.2016 година во 11:30 часот целосно е затворен за сообраќај регионалниот пат Р1309 с.Грдовци-с.Зрновци, поради рушење на мостот на река Брегалница и изградба на нов мост.
Градежната компанија Трансмет ДОО Скопје изведува градежни работи на државен пат А-2 Обиколница на Скопје од клучка Сингелиќ до клучка Смилковци со почеток од 02.12.2016 се воведува времена измена за режим на сообраќај.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Од 15-ти Ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа

обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.