дома КОВИД-19 (Коронавирус) Пред малку пристигна нова пратка од 11 700 вакцини од Фајзер

Пред малку пристигна нова пратка од 11 700 вакцини од Фајзер

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека доцна вечерва пристигна нова пратка на 11.700 дози од вакцините Фајзер од кои 7020 се преку директни преговори со производителот, а 4680 дози се од ЕУ што ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe). Оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан ја координира Австрија.

„Количините на вакцини постојано се дополнуваат, апелирам сите граѓани да се пријават за вакцинација на www.vakcinacija.mk“, апелираше министерот.