дома Сцена ПРЕД МЕЧОТ БЕШИКТАШ-ФЕНЕРБАХЧЕР: Војна во Истанбул поради Карлеуша

ПРЕД МЕЧОТ БЕШИКТАШ-ФЕНЕРБАХЧЕР: Војна во Истанбул поради Карлеуша

Навивачите на Фенербахчер подготвуваат жежок дочек на Јелена Карлеуша.

Српската фолк дива во неделата отпатува во Истанбул кај сопругот Душко Тошиќ како би била со Бешикташ, пред,  во текот и по дербито против Фенербахчер на 3-ти Декември.

Фотографијата која ја објави на социјалните мрежи предизвика неочекувано многу коментари од навивачите на Фенербахчер. A  Јелена се впушти во коментари односно расправии со нив, кои резултираа со отворени закани кон Јелена.

Ова е како последица од настанот од Септември оваа година кога фудбалерот Фенер Озан Туфан е ,, фатен“ дека ја следи Карлеуша на социјалните мрежи. Тоа беше иницијалната каписла за вистинска виртуелна војна помеѓу навивачите  на Фенербахчер и Бешикташ.

Карлеуша не остана должна на прозивките на навивачите на Фенербахчер. Ги нарече ,, кукавици кои напаѓаат жени,, , дека тие не се вистински мажи“ и дека се ,,глупи“!