дома Uncategorized Пред перењето на алиштата во машината ставете неколку влажни марамчиња: Генијален трик

Пред перењето на алиштата во машината ставете неколку влажни марамчиња: Генијален трик

Често се случува веднаш по вадењето на испраните алишта од машината за перење на нив да видиме влакненца и залепени ситни нечистотии…

Без оглед дали го имате најсовремениот модел или некој постар модел на машина, сигурно често ви се случува на испраните алишта да најдете ситни нечистотии и влакна.

Ова особено им е познато на сопствениците на домашни миленици кои и по перењето на облеката на алиштата имаат залепени влакна.

Оваа состојба можете да ја подобрите со ставање на марамчиња во машината за алишта пред да ги ставите алиштата во неа. Марамчињата ќе ги апсорбираат сите ситни нечистотии и влакна кои вообичаено остануваат на вашите алишта.

Изберете подебели, поцврсти и погусти влажни марамици со цел да не се распаднат за време на перењето, и никогаш не употребувајте хартиени, бидејќи ефектот ќе биде токму спротивниот.

Доколку не ви се допаѓа нивниот мирис, изберете антибактериски марамици со алкохол, чив мирис за време на перењето ќе испари.

Пробајте го овој трик, ќе бидете воодушевени уште по првото перење!