дома Сцена ПРЕЕМОТИВНО: Се огласи синот на Ана Бекута кој го остави во дом...

ПРЕЕМОТИВНО: Се огласи синот на Ана Бекута кој го остави во дом и ги откри сите детали!

Своевремено големо внимание во медиумите предизвика исповедта на пејачката Ана Бекута која тогаш откри дека синот Игор Полиќ го родила на 17 години и дека поради осуда од околината била приморана на осум месеци да го остави во дом.

Игор вели дека никогаш не и забележал на мајка си поради тоа што го направила. Тој истакнува дека ја разбира зошто морала да го смести во дом и тврди дека тоа не оставило големи последици кај него.

-Откако знам за себе, знам дека и таа била принудена еден дел од животот да биде без детето. Тоа никогаш не беше сокриено од мене, ниту остави последици. Мајка ми тоа го надополни подоцна, дури и многу повеќе од тоа. Ние двајцата денес нормално разговараме за тоа. Верувајте дека на тој период секогаш гледав нормално. Таман работа да и забележам на сопствената мајка што морала да постапи така. Никогаш не и префрлив, изјавува синот на Ана и додава дека не е во контакт со својот татко.
-Ги имам сите информации за татко ми, но не се слушаме, ниту се гледаме, заклучува Игор.