дома Локално ПРЕКИНИ ВO СТРУЈАТА: Делови од Скопје утре без електрична енергија

ПРЕКИНИ ВO СТРУЈАТА: Делови од Скопје утре без електрична енергија

Поради планираните технички зафати во електро-системот утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Ѓорче Петров, Сопиште и Карпош.

Во период од 09:00 до 14:30 часот без струја ќе останат корисниците од селото Волково, дел од улиците „3″, „95″, „100″,„101″ и „103″ и објектот „Ажур” и околината.

Во периодот од 09:00 до 11:00 часот корисниците од селото Горно Соње (м.в.Под Брег), и во периодот од 09:00 до 15:00 часот дел од улицата „Мирка Гинова”.