дома Свет Премиерката на Нов Зеланд се вери со водител на емисија за риболов

Премиерката на Нов Зеланд се вери со водител на емисија за риболов

Премиерката на Нов Зеланд, Јасинда Ардерн се сврши за нејзиниот долгогодишен партнер, Кларк Гејфорд. Тој ја запросил за време на Велигденските празници, соопшти нејзиниот портпарол Ендрју Кембел.

Гејфорд (41) е водител на телевизиска емисија за риболов, и се грижи за нивното 10-месечно бебе, додека Јасинда ги извршува државничките должности.

Нејзината бременост, објавена на почетокот на 2018 година, многумина ја сметаа за симбол на напредок за жените на раководни позиции. Таа е втората жена во историјата која се породи додека ѝ трае мандатот. Првата беше пакистанската премиерка Беназир Буто во 1990 година.