дома Балкан Премиерката на Србија со нејзината партнерка и премиерот на Луксембург со неговиот...

Премиерката на Србија со нејзината партнерка и премиерот на Луксембург со неговиот сопруг на фудбалски натпревар

Синоќа фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Србија и Луксембург го гледаа заедно премиерката Брнабиќ со нејзината партнерка и премиерот Бартел со неговиот сопруг.

Натпреварот за квалификациите на европското првенство го скледеа и премиерите на Србија , Ана Брнабиќ и нејзината партнерка Милица Ѓорѓиќ во друштво со премиерот на Луксембург, Жози Бартел со неговиот сопруг , Готје Детене. Премиерите, опремени со шалови на нивните репрезентации, пред почетокот на натпреварот направуија неколку селфи.

Тие ги поздравија играчите од трибините .

И Брнабиќ и Бател претходно изразија очекување дека нивните екипи ќе победат, но исто така рекоа дека спортот треба да ги поврзува луѓето и народите.

Натпреварот во Луксембург заврши со победа на Србија од 3:1.