дома Европа ПРЕМИЕРКАТА ТЕРЕЗА МЕЈ БИЛА ВО ЖИВОТНА ОПАСНОСТ: Секој, вклучително и милитантите имале...

ПРЕМИЕРКАТА ТЕРЕЗА МЕЈ БИЛА ВО ЖИВОТНА ОПАСНОСТ: Секој, вклучително и милитантите имале увид во трасата на авионот на Британскиот премиер!

Авионот со вклучени транспондери, со кој  Тереза Меј леташе од Вашингтон во Анкара, терористите лесно можеле да ја следат, пишува  „Дејли мејл“, повикувајќи се на изјавата на поранешниот шеф на Управата за национална безбедност за борба против тероризам Крис Филипс.

Според него , милитантите можеле да го откријат летањето на авионот во кој била премиерката на Велика Британија со помош на мобилна апликација.

Програмите овозможуваат да се види висината, брзината и правецот на авионот со вклучени  транспондери кои практично го претвораат авионот во ,,летечка мета“.

„Ваквите авиони се наоѓаат во голема опасност за време на полетување и слетување. Ако знаете дека во авионот се наоѓа премиерката на Велика Британија можете да го следите неговото движење и конечната дестинација и да го погодите“, наведува Филипс.

Со него се согласува и шефот на Катедрата за безбедност на Универзитетот Бирмингем Ентони Глис. Тој се загрижил и од одлуката на посадата да ги вклучи  транспондерите на авионот.

„Таа апсолутно се наоѓала во релна и очигледна опасност од страна на терористите“-нагласува тој.

Глис додава дека не треба да заборавиме дека станува збор за премиер на Велика Британија еден од најважните луѓе во светот.