March 29, 2024, 12:06 pm

ПРЕМИЕРОТ ДИМИТРИЕВ НА ОТВОРАЊЕТО НА СВЕТСКОТО ВОЕНО ПРВЕНСТВО ВО БОРЕЊЕ: Огромен е бројот на армиски припадници кои покрај одличните резултати во армијата на својата држава се и врвни спортисти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје денеска е отворено 31. Светско воено првенство во борење, што ќе се одржува до сабота.

dimitriev-voeno-borenje

На отворањето присуствуваа премиерот Емил Димитриев, министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски.

На отворањето се обрати и премиерот Емил Димитрев, кој порача дека одржувањето и подобрувањето на индивидуалната физичка подготвеност на армиските припадници претставува исклучително важен сегмент во функционирањето на секоја армија.

– Огромен е бројот на армиски припадници кои покрај одличните резултати во армијата на својата држава се и врвни спортисти – репрезентативци на своите држави, носители на бројни медали од олимписки игри и светски првенства, додаде премиерот Димитриев.

dimitriev-voeno-borenje1

Тој се осврна на годинашното одбележување на 55 години борење во Македонија, 40 години од одржувањето на реномираниот боречки турнир „Македонски бисер“ и на 20 години од светската титула на боречкиот клуб „Бучим“. Додаде дека Македонија изминатите години вложува значајни напори во развој на спортот преку инвестиции во спортската инфраструктура во вредност од 100 милиони евра.

Капацитетот на борачите во Армијата на Република Македонија се докажа и на првите натпревари на кои Маја Дејкоска од тимот на Армијата на Република Македонија се закити со бронзениот медал, односно трето место во борење во слободен стил во категорија до 58 килограми.

Сите љубители на спортот и борењето можат бесплатно да ги следат натпреварите од 31. Светско воено првенство во борење.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This