дома Македонија Премиерот Димитриев присуствува на прогласувањето на Епископот Велички Гаврил Светогорец за светец

Премиерот Димитриев присуствува на прогласувањето на Епископот Велички Гаврил Светогорец за светец

Претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев присуствува на канонизација на епископ Гаврил Велички Светогорец. Светите мошти на епископот Гаврил ќе бидат изложени во Соборниот храм во Штип.

Одлуката на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија за впишување на епископот велички Гаврил Светогорец во списокот на светиите е објавена денеска на светата архиерејска литургија што се одржува во Соборниот храм „Св. Никола“ во Штип.

Со литургијата чиноначалствува архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во сослужение на членовите од САС на МПЦ-ОА.

Православната брегалничка епархија вчера во Соборниот храм го почна чествувањето по повод 50 години од возобновувањето на Охридската архиепископија како Македонска православна црква и впишувањето на епископот велички Гаврил Светогорец во списокот на светиите. Прославата почна во 18 часот со вечерна богослужба на која чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.