дома Европа Премиерот на Словенија Церар поднесе оставка

Премиерот на Словенија Церар поднесе оставка

Словенечкиот премиер Миро Церар изјави дека поднесува оставка, бидејќи Врховниот суд го поништи минатогодишниот референдум за еден железнички проект.

Церар додаде дека оставката ја испратил до парламентот. Претходно Врховниот суд пресуди дека владината поддршка на проектот во текот на кампањата на референдумот била еднострана и дека можела да влијае врз исходот на гласањето. Референдумот одржан во минатиот септември го поддржа владиниот план за изградба на 27 километри пруга од пристаништето Копер до границата со Италија.