дома Македонија ПРЕМИЕРОТ СПАСОВСКИ ВО ПОСЕТА НА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ„ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“: Младите, учениците и студентите,...

ПРЕМИЕРОТ СПАСОВСКИ ВО ПОСЕТА НА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ„ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“: Младите, учениците и студентите, се иднината на државата и затоа е потребно постојано да се вложува во нив

Претседателот на Владата на Република С Македонија Оливер Спасовски, заедно со министерот за образование и наука Арбер Адеми, и со директорот на Државниот студентски дом, Дарио Николовски, направија увид во завршените работи за реновирање на блоковите В и Г во Студентскиот дом „Гоце Делчев“.

„Владата предводена од СДСМ и од коалицијата уште на стартот на својот мандат во 2017 година, започна сериозни и системски инвестиции за подобрување на ученичкиот и студентскиот стандард и за овозможување подобри услови за студентите,за нивното секојдневие во студентските домови. Младите, учениците и студентите, се иднината на државата и затоа е потребно постојано да се вложува во нив. Најодговорно презедовме темелни иницијативи во таа насока, и продолжуваме со мерките кои значат подобри услови, повисок стандард односно подобар живот за сите млади во нашата земја“; истакна Спасовски во изјавата за медиумите.

Премиерот Спасовски соопшти дека покрај комплетираното реновирање на блоковите В и Г во „Гоце Делчев“, се работи и на големото реновирање на зградите 1 и 2 во студентската населба „Стив Наумов“, како и на уредувањето на заедничките простории за обуки и дружење на студентите во „Кузман“.

Министерот за образование и наука Арбер Адеми нагласи дека Владата води континуирана грижа за унапредување на студентскиот стандард.

Директорот на Државниот студентски дом, Дарио Николовски, потенцираше дека во пакетот промени за подобар студентски стандард и за пресврт на квалитетот на студентското живеење значајни и квалитетни промени се направени во исхраната во студентските ресторани.