дома Балкан ПРЕМИЕРСКАТА ФУНКЦИЈА НЕ ЈА ПРЕПУШТАМЕ НИКОМУ: Потпретседателот на ДПК изјави дека нема...

ПРЕМИЕРСКАТА ФУНКЦИЈА НЕ ЈА ПРЕПУШТАМЕ НИКОМУ: Потпретседателот на ДПК изјави дека нема да ја повтори грешката од претходните избори

Енвер Хоџај, потпретседателот на Демократската партија на Косово (ДПК), тврди дека оваа партија, столбот на актуелната владеачка коалиција, е цврсто определена за вонредни избори на кои ќе настапи самостојно и навестува дека функцијата на иден премиер не планираат да и ја препуштат на друга партија.

На својот Фејсбук профил Хоџај напиша дека ДПК „ужива најголема доверба меѓу граѓаните“, што, како што наведе, ќе се покаже и на претстојните избори.

Хоџај наведе дека ДПК нема да ја повтори гpeшката и премиерската функција да ја препушти на друга партија, како што тоа го направи на минатите избори.