Пpeмин на пpaтеник од еден пoлитички табop во кој ја дoбил довepбата од глacaчите во спpoтивниот, е kлacична изmaма на граѓаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот и потпретседател на Граѓанската Опција за Македонија, Љупчо Пренџов која е дел од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ смета дека секој премин на пратеник кој ја добил довербата од македонските гласачи во одреден политички табор и за одредена изборна програма, кој по изборите преминува во спротивниот табор, преставува класична измама на граѓаните. Тој додаде дека за секоја направена измама треба да се одговара.

Пренџов, ова го истакна во своето гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија запрашан за информации кои кружат во медиумите дека луѓе од СДСМ им нудат пари на пратеници од коалицијата „За обнова на Македонија“ за тие да ја дадат поддршката за формирање парламентарно мнозинство предводено од СДСМ.

-Доколку вие сте кандидат за пратеник кој предходно учествувате во изработката на програмата на коалицијата на која што припаѓате, доклку повеќе од два месеци разговарате со луѓе, пријатели, членови, граѓани, им пристапувате на семејства и ги убедувате во исправноста на програмата за која што се кандидирате, да ја добиете нивната поддршка и кога ќе влезите во рамките на собранието на Република Македонија и притоа го менувате дресот и одите во спротивниот табор, тоа за мене преставува измама. Класична измама на граѓаните, на нивната доверба и даден глас и за секоја измама се одговара, истакна Пренџов.

Тој ги повика медиумите да вршат притисок во јавноста, така што, кога веќе за преминот од еден во друг политички табор пратениците не одговаат кривично, барем да сносат морална и етичка одговорност кон гласачите. Пренџов додаде дека тоа е и една од причините зошто е толку мала излезеноста на изборите во Република Македонија.

-Јас сум пратеник од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, јас ќе останам да бидам пратеник од коалицијата предводена од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, независно дали тоа ќе биде на власт или опозиција. Но, во рамките на Собранието на Република Македонија ќе се трудам и како човек, но пред се како потпретседател на Граѓанската Опција за Македонија да ги прокламирам сите наши проевропски ставови, сите наши ставово кои што значат подобар живот за граѓаните на Македонија, дециден беше пратеникот Пренџов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This