дома Социјални Мрежи Пренџов: Македонија има иднина, Македонија има млади, а веќе изградени личности кои...

Пренџов: Македонија има иднина, Македонија има млади, а веќе изградени личности кои имаат свој став

Учениците од осмите и деветите одделенија целата територија на Република Македонија имаа виртуелна посета на Собранието, соопшти пратеникот од ГРОМ, Љупчо Пренџов, додавајќи дека е горд и среќен среќен што Македонија има млади а веќе изградени личности кои имаат свој став и истиот го бранат со аргументи

„Времето поминато со овие ученици а особено прашањата поставени од нивна страна ме направија горд и среќен што Македонија има млади а веќе изградени личности кои имаат свој став и истиот го бранат со аргументи.
Ова за мене беше најдинамичниот, најинтересниот и најмотививирачкиот час во периодот од кога ја извршувам пратеничката функција. Поздрав до сите ученици кои учествуваа во дебатата и големо браво за нив👏👏👏
Македонија има иднина!!!“, објави тој.