Пренџов: Никој кој што живее во оваа држава не смета дека сме дрво без корен, создадени преку ноќ, затоа да излеземе на пpoтест и да не дозволиме таинствени преговори позади завесите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Спорот помеѓу Република Македонија и Бугарија е спор помеѓу две држави. Тој не е, и не смееме да дозволиме да биде спор помеѓу Бугарија и владата на Зоран Заев, реагираше пратеникот Љупчо Пренџов.

Бугарската држава има целосен политички и општествен консензус во врска со спорот кој што го имаат со нас. Од друга страна, македонската јавност, пратениците, најголем дел од владините Министри како и граѓаните на Р. Македонија „поима немаме” што преговара Заев со соседна Бугарија. Сѐ што се случува во изминатиов период се случува таинствено и „позади завесите”, вели Пренџов.

Тој нагласи дека граѓаните на Македонија не даваат подршка на ваквиот начин на „решавање” на проблемите.

„Ниту Македонците, ниту Албанците, Турците, Ромите, Власите, Бошњаците….сметаат дека македонскиот народ, македонскиот јазик, нашата култура, историја и традиција, треба да бидат монета за поткусурување во балканските византиски игри. Никој кој што живее во оваа држава не смета дека сме дрво без корен, создадени од некого, некогаш и преку ноќ….“, вели тој.

Пренџов додаде дека господиниот Владо Бучковски никој и никогаш не го гласал на избори и не му дал подршка да преговара или разговара за работи кои се одбиваат со индигнација. А, судејќи по изјавите на бугарските челници не е тешко да разбереме дека неговите чести посети на Софија, не се во линија со македонските национални интереси.

„Затоа и денес, и утре, и задутре ќе протестираме ширум Скопје и Македонија. Затоа што јавноста и сите ние кои живееме во Македонија имаме право да знаеме што се случува, а тие имаат обврска да нѐ известат. Имаме право и обврска заеднички да ја градиме и чуваме македонската државност и просперитет. За тоа е потребен општествено – политички консензус како оној во Бугарија, а не, криење позади специјални преговарачи кој што имаат одговорност само кон Заев“, апелира Пренџов.

„Затоа Ве повикувам сите заедно да застанеме на протестите ширум Македонија. Бараме граѓаните да знаат што се случува. Нема да дозволиме ова да биде спор помеѓу владата на Заев и Бугарија. Бараме транспарентност, отчетност, демократија…“, повика тој

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This