дома Политика Пренџов: Фактот што Србија има вакцинирано повеќе македонски граѓани од Македонија ни...

Пренџов: Фактот што Србија има вакцинирано повеќе македонски граѓани од Македонија ни кажува до кое дереџе сме…

Љупчо Пренџов, во своето гостување во емисијата Само вистина на Канал 5, зборувајќи за здравствената криза во Македонија, истакна дека фактот што има повеќе вакцинирани македонски граѓани во Србија отколку во сопствената држава каде што живеат и плаќаат данок, ни кажува на кое дереџе е здравствениот систем и на кое дереџе е набавката на вакцини.

„Според информациите што ги имам, во олниците, за жас се чека да починат граѓани за потоа од тие граѓани кислородните боди им се даваат на оние на коишто име се потребни во моментот. Ние сме систем во којшто за жал, на здравствените работници им е прекуу глава и едвај чекаат да ги фрлат мантилите бидејќи работат повеќе од година дена во субстандардни услови, немаат право на годишен одмор, немаат кој да ги замени, државата едноставно нема стратегии.“, посочи Пренџов.

Пренџов нагласи декане треба да ја слушаме власта, туку да гледаме што прави, посочувајќи ги новите мерки кои ги воведе власта, за ден потоа да изјави дека бранот е поминат и ситуацијата е стабилна.